30
мар
2020
Мали меки кајзерици
Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме 5 минути да се запени.
Потоа во вангличка ги ставаме водата, солтта, квасецот, растопениот путер.
Додаваме брашно и замесуваме.
тестото ќе биде лепливо.
Може да се соединат состојките и со миксер.
Го покриваме тестото и оставаме да се дуплира.
Сега земаме само 1 лажичка брашно за посоп.
Го делиме тестото на 8 топчиња и со набрашнести раце по малку ги формираме како кајзерици.
Ги редиме во долгнавест калап за леб, врз лист хартија за печење,
Киснат 20 минути, па ги печиме во загреана релна на 200 с да заруменат.
сервираме топли.
Лиценца: Сите права се задржани