Јогурт кајзерици
Состојки
- 2 свежи квасеци
- 4 јајца
- 1 лажица шеќер
- 1/2 л јогурт
- 100 мл масло
- 2 лажичиња сол
- 1 кг брашно
- За одозгора
- 1 јајце
- малку рендано сирење и пченкарно брашно
Подготовка
Најпрво стандардно, растворете го квасецот (во 50 мл вода) ставете му шеќер и малку брашно и оставете го да се активира. Потоа додајте ги и другите состојки и измесете убаво меко тесто, а кое нема да се лепи. Оставете го на топло да се зголеми дупло.
Потоа од тестото кинете парчиња по желба, од нив правете топчиња, засечете ги одозгора на две места и наредете ги на плех покриен со хартија за печење. Премачкајте ги со јајцето, наросете ги со сирењето измешано со пченкарното брашно и оставете ги повторно на топло, отприлика половина час.
Рерната загрејте ја на 200 степени и печете ги додека малку не заруменат.
Ова е многу меко и воздушесто тесто...пробајте ги, нема да погрешите.