Оваа супа ви препорачувам да ја подготвите со Хокаидо тиква, бидејќи овој вид на тиква може да се подготвува со лушпата. Варена или печена, лушпата за кратко време омекнува како путер, а вкусот на тиквата потсетува на костени.
Подготовка
1. Измијте ја тиквата убаво и потоа отсранете и го средишниот дел (семките и кончестиот дел). Исечете ја на парчиња со големина одприлика 3-4см.
2. Исечкајте го кромидот и ставете го да се пржи. Откако малку ќе омекне, додадете ја и тиквата и динстајте на средна температура.
3. Кога малку ќе омекне тиквата додадете ги и компирите, пропржете кратко и додадете 300мл. од супата. Посолете и побиберете и варете го зеленчукот на ниска температура околу 25 мин. или додека да омекне тиквата.
4. Зеленчукот испасирајте го со рачен блендер и по потреба додавајте од супата од зеленчук додека да ја добиете саканата густина. Зачинете со копар и ставете ја павлаката. Убаво промешајте додека да се стопи павлаката и на крај по потреба посолете и побиберете. По желба можете да додадете 1-2 лажици сок од лимон.
Послужете со 1/2 лажица изматена павлака, семки од тиква и 1 лажица масло од тиква или маслиново масло.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани