19
мар
2015
Шпагети со туна (посно)
Исецкајте го ситно лукот. Од конзервата туна, истурете го маслото и во истото запржете го лукчето.
Додека го правите тоа шпагетите нека се варат.
Маслинките и нив исецкајте ги и додадете ги во маслото од туна со лукче.
Ставете го и сосот. Јас не ставив зачин, бидејќи маслинките се солени. Извадете од оган.
Откако ќе се соединат состојките додадете ја и туната исто на поситни парчиња.
Промешајте и ставете ги и шпагетите во сосот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови