23
дек
2015
Шпагети со печурки во доматен сос (посно)
Подготовка
1. Шпагетите ги вариме според упатството на кесичката.
2. За сосот го сечкаме кромидот и го пржиме на масло додека да стане проѕирен.
3. Ги додаваме печурките исечкани на мали парчиња. Ги пропржуваме и нив.
4. Го налеваме кечапот и вриеме неколку минути, за на крајот да го додадеме фидето и зачините. Вриеме уште малку и го тргаме тенџерето од оган.
5. Го оставаме сосот во тенџерето за да се довари фидето, а да не се превари (доколку е на оган), вака самото од жешкото ќе се свари. Сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани