23
јан
2020
Шпагети со туна и лимон (посно)
Брз, едноставен вкусен и посен ручек.
Неколку часа пред да почнете со подготовката ставете еден измиен лимон во сад со сода бикарбона, убаво да се му се изчистат нечистотиите од кората, бидејки ќе ја користиме и кората.
Шпагетите ставете ги да се варат во сад со зовриена вода и сол. Јас употребив посни и интегрални шпагети.
Во тавче ставете маслинов зејтин, изрендана кора од еден лимон и ситно сечени две чешниња лук. Малку да се запржат и се додава туната и сокот од еден лимон. Се заедно се динста кратко. Кон ова се додаваат сварените шпагети, се наросува босилек, се' заедно се меша и ручекот е готов.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови