Шербетни триаголничиња со фил
ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ
1. Се матат јајцата со шеќерот и киселото млеко и во таа смеса се додаваат сите останати состојки за фил, па со него се полнат триаголничињата
ПОДГОТОВКА НА ТРИАГОЛНИЧИЊАТА
1. Се сечат сите кори на пола
2. Секоја половинка кора се попрскува со мешавината од вода и масло за јадење и се преклопува на три пати
3. Се става фил на крајот и се виткаат триаголничиња па се редат во намрсена тава со малку масло за јадење
4. Се печат околу 20 мин. во загреана рерна на 200 С
ПОДГОТОВКА НА ШЕРБЕТ
1. Водата и шеќерот се ставаат да зовријат на оган
2. Откако ќе зоврие се додава ванилата и се остава да врие 5 мин па се трга од огин и се остава да се излади
3. Топлата баклава се полева со ладен шербет
Лиценца: Сите права се задржани