Колачи
1. Квасецот се остава во малку топла вода да нарасне
2. Брашното, квасецот и сите останати состојки се замесуваат
3. Тестото се дели на два дела и во едниот се додава какао
4. Секоја од смесите ја поделив на два дела па така излегуваат по 2 бели топчиња и по 2 кафени
4. Од едното бело и едното кафено топче направив полжавчиња - ја расукав прво белата кора, па врз неа кафената и виткав ролат, па од него сечев парчиња со дебелина од 1,5 см
5. Од второто бело топче и од второто кафено топче виткав формички со оревчиња - секој дел го поделив на повеќе делови со големина на орев. Прво расукував мала бела коричка и врз неа кафена, ставав по една половина јатка оревче, па виткав како кифличка
6. Се печат во загреана рерна додека да поруменат
7. Со топлиот шербет се полеваат и се оставаат да го впијат целиот шербет

Шербет
1. Водата и шеќерот зовриваат и на крај се додава ванилата и лимоновата кора

Филџан = 125мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани