Бабини чајни колачиња
1. Јајцата се матат со прав шеќерот.
2. Во нив се додава маргаринот и свинската маст, пецивото и ванилата и се мати со миксерот убаво сето ова заедно.
3.Се меси со 800-1000 гр брашно.Се меси ни тврдо ни меко, да може да поминува низ шприцот за колачите.
4. Во пола од тестото може да се додаде какао за да бидат црно-бели колачите.
5. Се пече во тавче обложено со хартија за печење колу 10-15 мин на 150 степени.
6. Откако ќе изладат , едната половина ги потопував во чоколадо (црно или бело) и ги посипував на чоколадираната страна со малку оревчиња- ситно сечкани, а некои од нив ги лепев по две со мармелад од кајси, некои ги посипував со прав шеќер.
Јас правев неколку форми од ова сето тесто, некои од нив ги викав во ролатче па ги премачкував со мармелад.
Најбитно од се е што јас бев овде само надзор а се по ред правеше ќерка ми...затоа и си поигравме со формите (ружички, пеперутки)
Лиценца: Сите права се задржани