Солени триаголничиња
Најпрво да ви се заблагодарам за приемот. Се надевам дека ќе се дружиме и ќе дегустираме безброј нови рецепти. Во прилог е мојот прв рецепт.
1. Се соединуваат сите состојки и се формира смеса. Смесата се остава да стаса 20минути.
2. За филот, чајната се сецка на ситни парчиња, кашкавалот се ренда, се додаваат сите состојки и се меша.
3. Се редат 2 кори. Секоја кора се премачкува од смесата и се сечат на 4 делови. На долниот дел од кората се става од филот и се витка во вид на триаголник (од 2 кори изглегуваат 4 триаголничиња). Постапката се повторува се додека имаме кори.
4. Откако ќе ги наредите во плех, се премачкуваат со смесата и се оставаат да киснат 20минути. Пред печење се премачкуваат со јајце и се наросува сусам.
5. Се печат на температура од 180 степени, околу 20- 25 мин, во зависност од рерната. Чашата е од 250мл.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Супер рецепт за вкусен појадок.