Овој ролат го направи мојата Марија за роденден на баба и. Вкусен и декоративен.

Најпрво се прави тестото. Јајцата се матат со шеќерот па се додава брашното.
1. Се прави декорацијата за тестото. Сите состојки се мешаат со лажица додека се добие густа хомогена смеса. Смесата се дели на 2 дела и се ставаат по 2 бои (зелена и црвена)
На мрсна хартија се црта декорацијата по желба со молив. Потоа се превртува хартијата за нацртаното да биде на долната страна. Боите се ставаат во 2 фишека и се поминува врз нацртаната шара. Потоа врз шарата нежно се истура пандиспањата и се печи 15мин на 200С.

2. Откако ќе се испече се става на влажна крпа и се витка во ролат. Се остава 10мин.

3. Фил
Се вари млекото со двата пудинга и 4 лажици шеќер. Кога ќе олади се додаваат посебно изматените маргарин, шеќер во прав и жолчки. Се додаваат желе бонбони и оревчиња по желба.

4. Пандиспањата се одмоува од крпата и се филува со филот. Цвениот дезен е од горната страна на ролатот. Не е потребно од дополнително украсување. Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани