Пробајте и вкусете ги... не знам што да напишам како уводен дел за колачињава, ама мнооогу се убави.

1. Брашното и какаото ги просејуваме. Пенасто го матиме путерот со шеќерот, па додаваме жолчка, ванила и млеко, мешаме, па додаваме брашно и какао. Го мешаме тестото на најтивко вклучен миксер, па го виткаме во најлонска фолија. Го оставаме еден час во фрижидер.
2. Потоа од тестото правиме топчиња, за чија големина сами одлучуваме. Мене ми излегоа 25 топчиња. Белката ја разматуваме со вилушка и секое топче го валкаме во белка, па во крупно мелените лешници. Топчињата ги редиме во плех обложен со хартија за печење и секое топче малку го вдлабуваме со прст или со некој предмет. Печеме на 180 степени, во загреана рерна околу 12 минути.
3. Кога ќе се испечат колачите го губат првобитниот облик, па е потребно откако ќе се извадат од рерна додека се топли, повторно да им направиме дупче. Оставете да се изладат и полнете ги со карамел.
4. Карамел бонбоните со слатката павлака ги топев во микро печка, ама може и на најтивко вклучена рингла. Во микро, прво ги пуштам на 30 секунди, ги вадам, мешам, па повторно и така некои 4-5 пати. Карамелот е мек и кремаст и кога ќе се истопи со слатката павлака се добива свилест кремаст карамел. Со лажичка ставаме од карамелот и ги полниме дупчињата во колачињата. За секое ни е потребна неполна лажичка од карамелот.

Забелешка
Чашите се од 2.5 дл. За дупчињата во топчињата користев стаклено шишенце од прополис од 20 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани