Карамел крем

Од 1 литар млеко одвојуваме 150 мл и ги полеваме карамел бонбоните кои ги ставаме во тенџере на тивок оган да се растопат.
Од преостанатото млеко одвојуваме уште 100 мл и остатокот од млекото го истураме во тенџерето и постепено ја зголемуваме температурата.
Во посебен сад ги ставаме жолчките и ги додаваме шеќерот и густинот и сето тоа го мешаме со 100 мл ладно млеко кое претходно го одвоивме. Кога млекото во тенџерето ќе зоврие ја додаваме смесата со жолчките и мешаме енергично додека не згусне (треба да се добие доста густ крем без грутки). Го оставаме кремот да се олади и почнуваме со подготовка на тестото.

Тесто

8 белки се матат со миксер и постепено се додава шеќерот. Во изматените белки се додават брашното,какаото,пецивото и мелените лешници. На крај се додава зејтинот, се меша и се истура во плехче. Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Продолжуваме со подготовката на кремот. Матиме со миксер 100 г маргарин и го додаваме во изладениот крем (кремот треба да е млак, не ладен). Матиме 200 мл слатка павлака и тоа го додаваме и имаме готов карамел крем.

Глазура

На тивок оган ги топиме чоколадата со слатката павлака се додека не згусне и не добиеме убава хомогена чоколадна смеса.

Тестото го печев во плехот од рерната и после го поделив на два дела, па тортата ми излезе широка а ниска. Има доволно фил така да може да се сече и на три дела или доколку печете во округло калапче со обрач (што е вистинската варијанта на оваа торта) се печат две кори кои се сечат уште на два пати.Јас не обожавам округла форма за торта и затоа ја правев така.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани