Чоколадни, лешник колачи
Подготовка:
1. Измешајте го брашното, какаото и содата. Во друг сад изматете го путерот, па додајте го шеќерот и продолжете со матење.
2. Додајте ги јајцата едно по едно, па чоколадниот крем и ванилата. Измиксајте ја убаво смесата.
3. Намалете ја брзината на миксерот и додајте ги сувите состојки. Миксајте додека не се соедини. Покријте го садот со фолија и ставете го во фрижидер најмалку еден час.
4. Загрејте ја рерната на 160 степени. Обложете 2-3 плеха со хартија за печење.
5. Лешниците здробете ги на ситно и ставете ги во некој сад. Земајте од тестото мали парчиња, отприлика колку орев, направете ги во форма на топче, испрпелајте ги од сите страни во лешниците и наредете ги на плеховите. Печете 12-15 минути.
6. Кога ќе се оладат филувајте ги со чоколаден крем како сендвич.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови