27
ное
2022
Чоколадна торта со крем од фстак
Подготовка:
1. Основа- во блендер ги ставаме сите состојки за основата, блендираме додека не се добие хомогена леплива смеса. Смесата ја ставаме во округол калап со обрач со дијаметар од 20 цм. Ја натапкуваме. Врз основата го ставаме кремот од фстак, премачкуваме.
2. Чоколаден фил- Чоколадото заедно со кокосовото масло ги топиме над пареа. Во блендер ги ставаме индиските ореви, урмите, кокосовото млеко, какаото и стопеното чоколадо. Блендираме да се добие хомогена, густа смеса. Чоколадниот фил го ставаме врз кремот од фстак. Тортата ја ставаме во фрижидер да се зацврсти. Послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани
Vkusno desertce