Подготовка

1. Мелените бисквити измешајте ги со путерот и натапкајте ги на дното од четвртаст калап (20цм) обложен со хартија за печење.
2. Сите состојки за филот додајте ги во блендер или процесор за храна и обработете до соединување. Потоа додајте го филот во калапот.
3. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути (додека за се зацврсти смесата по краевите). Извадете од рерна и оставете да се олади на собна температура.
4. Растопете го чоколадото со зејтинот и истурете го врз филот. Оставете во фрижидер додека да се стврде чоколадото, а потоа исечете на коцки.

*во филот додадов и една лажичка мача за поубава боја. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани