Испечати

Чоколадна торта со крем од фстак

Чоколадна торта со крем од фстак

Состојки

  • Основа
  • 100 гр урми
  • 100 гр овесни снегулки
  • 60 гр ореви
  • 1 лажица какао
  • 1 лажиче кокосово масло
  • 2 лажици млеко
  • фил
  • 2 лажици крем од фстак
  • 55 гр индиски ореви
  • 60 гр урми
  • 50 гр темно чоколадо со 80% какао + 1 лажиче кокосово масло
  • 2 лажици какао
  • 200 мл густо кокосово млеко

Подготовка

Подготовка:

1. Основа- во блендер ги ставаме сите состојки за основата, блендираме додека не се добие хомогена леплива смеса. Смесата ја ставаме во округол калап со обрач со дијаметар од 20 цм. Ја натапкуваме. Врз основата го ставаме кремот од фстак, премачкуваме.
2. Чоколаден фил- Чоколадото заедно со кокосовото масло ги топиме над пареа. Во блендер ги ставаме индиските ореви, урмите, кокосовото млеко, какаото и стопеното чоколадо. Блендираме да се добие хомогена, густа смеса. Чоколадниот фил го ставаме врз кремот од фстак. Тортата ја ставаме во фрижидер да се зацврсти. Послужуваме.