Чоколаден чизкејк (без печење)
Бисквитите ги мешаме со растопениот путер, да се добие смеса налик на песок, па ја истураме во обложен калап бр 24-26. Ја натапкуваме смесата во калапот, и го ставаме во фрижидер.
Крем сирењето го биеме со миксер заедно со шеќерот во прав, и екстрактот од ванила, па го додаваме растопеното чоколадо. Настрана ја биеме слатката павлака, па двете ги соединуваме. Истураме над подлогата од бисквити.
Најгоре го ставаме чоколадниот прелив. На тивок оган, мешаме заедно слатката павлака со чоколадото ситно сецкано, додека не се растопи и го истураме во калапот врз кремот.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови