Подлога - путерот се топи и се додава во мелените бисквити. Се меша. На дното од округла модла чиј страничен дел се вади, ставаме хартија за печење. Ги ставаме бисквитите, со рака притискаме за да се стегне смесата. Оставаме во фрижидер да се стегне додека го правиме чоколадниот фил.

Чоколаден фил - Маскарпонето во длабок сад го биеме со миксер. Чоколадото го топиме на пареа. Во длабок сад ја биеме со миксер слатката павлака заедно со шеќерот во прав. Стопеното чоколадо го мешаме со лажица малку да се подизлади и го додаваме во избиената слатка павлака, цело време матејќи со миксерот. Со лажица постепено додаваме од смесата во маскарпонето и матиме со миксер да се соедини филот. Го ставаме врз подологата од биксвити и оставаме во фрижидер да се стегни неколку часа.

Чоколаден ганаж - чоколадото го топиме на пареа. Го тргаме на страна мешаме со лажица малку да се подизлади и во него ја додаваме слатката павлака, течна не биена. Мешаме да се соединат и смесата ја ставаме врз чоколадниот фил. Оставаме во фрижидер да се стегни неколку часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани