Ова богато јадење доаѓа од мексиканската кујна, популарно е низ сиот свет, можи да се сервира на различни начини, заситува и можи да се најадат повеќе луѓе во зависност како ќе се послужи и верувам дека одлично можи да се вметни и во празничните менија.

Подготовка

1. Во длабока и поголема тава се запржува ситно исечкан кромидот и лукот кој можи да го помините низ преса или многу ситно да го исечкате. Тоа трае толку време колку да ги исечкате пиперките исто на поситни парчиња и морковот на тенки кругчиња.

2. Пржете се заедно додека омекнат и додадете го меленото месо. Откако ќе испари водата и ќе се запржи месото додадете го црвениот пипер и буковецот, па потоа пелатите (доколку немате пелати во конерва, комбинирајте со зрели домати и доматен сос).

3. Откако ќе се запржат додадете ги гравот и пченката, па потоа налејте вино и вода. Јас имав шарен грав и го варев претходно, па додадов вода во која се вареше. Додадете ја и коцката телешки бујон (кај мене домашен и замрзнат во калапите за мраз), доколку немате, компензирајте со коцка за супа, но тогаш не ставајте сув зачин, ами повеќе посолете. На крај и зачините и сенфот. Оставете да се крчка на тивко додека испари течноста до посакуваната густина.

4. Ова јадење можи да го послужите врз варен ориз или пире, како додаток - мезе на гостинска трпеза, завиткано во тортиља (кое чинам најмногу одговара) со додаток зелка салата, подоцна се дојаде и со гиро лепче, па можи да го густирате и како начос со чипс и т.н.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови