Хули хули - полинезиска скара од пилешки стек
Подготовка:
1. Спремете ја маринадата за стекот.
Чешнињата лук истолчете ги или изгмечете ги низ алатка. Коцката за супа издробете ја на ситно.
Се измешајте убаво заедно. Мешајте да се стопи шеќерот (тоа лесно и брзо оди). Парчињата стек исечете ги на 2, по должина.
2. Во згоден сад истурете ја маринадата и ставете ги парчињата пилешки стек во неа. Оставете неколку часа или најдобро преку ноќ да отстои.
3. Пред да ги печите извадете ги од фрижидерот да отстојат половина час на собна температура (обавезно, за месото да не е тегаво од наглата промена на температурата).
4. Заграјте ја грил тавата и ставете парче путер да го покрива дното.
Кога ќе се стопи путерот ставете ги парчињата стек и печете ги од двете страни на средна температура.
Сервирајте ги и полејте ги одозгора со маринадата во која стоеле.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови