Пилешки Ќебапчиња (на скара)
Еве од мене уште еден предлог за превкусен ручек, кој со задоволство беше дегустиран од моите најмили. Мирисот и вкусот што се ширеше додека ги спремав беше неодолив, и со нетрпение чекаа да ги вкусат овие ќебапчиња.
Подготовка
1. Пилешките гради ги мелеме на машина за мелење месо, па потоа меленото месо го ставаме во подлабок сад.
2. Ги додаваме наведените состојки, од кои лебните трошки на крај (јас ставив 4 г.л.) до добивање на смеса идеална за обликување на ќебапчињата.
3. Со намрсени раце ги формираме ќебапчињата со големина по желба (јас ги правев по 40 гр секое). Ги редиме во намрсен дискус, покриваме со стреч фолија и ги оставаме во фрижидер 1-2 часа.
4. Потоа ги печеме на скара (а може и да се испржат - по желба). Послужуваме додека се топли, со помфрит како гарнир.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани