15
јул
2014
Фереро мафини
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата. Настрана во млекото се топи чоколадото и медот. Откако ќе се излади се додава во јајцата, се додаваат и другите состојки, на крајот прашакот за пециво. Се става смесата во калапчиња за мафини и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20мин.
Подготовка на кремот
Се мати шлаг кремот со млекото и се додаваат 200гр стопено и изладено чоколадо и со кремот се декорираат мафините.
Овој пат ставив плус нутела во мафините, значи се става во калапчето малку од смесата, па една лажичка нутела, па повторно од смесата.
Лиценца: Сите права се задржани