Испечати

Фереро мафини

Фереро мафини

Состојки

  • 2 јајца
  • 200мл млеко
  • 150гр шеќер
  • 300гр брашно
  • 100гр печени сецкани лешници
  • 4 парчиња наполитанки(околу 100гр)
  • 30гр чоколадо стопено
  • 3 лажици нутела
  • 2лажици мед
  • 20гр какао
  • 1 ванила
  • 1 прашак за пециво
  • за крем
  • 1 шлаг крем од чоколадо
  • 200гр чоколадо за готвење
  • 100мл млеко

Подготовка

Се матат јајцата со шеќерот и ванилата. Настрана во млекото се топи чоколадото и медот. Откако ќе се излади се додава во јајцата, се додаваат и другите состојки, на крајот прашакот за пециво. Се става смесата во калапчиња за мафини и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20мин.
Подготовка на кремот
Се мати шлаг кремот со млекото и се додаваат 200гр стопено и изладено чоколадо и со кремот се декорираат мафините.

Овој пат ставив плус нутела во мафините, значи се става во калапчето малку од смесата, па една лажичка нутела, па повторно од смесата.