13
јул
2018
Уштипци со кајмак
Многу вкусни уштипци кои не одземаат многу време за подготовка.
Во длабок сад се става јајцето водата и млекото и со миксер се мати убаво. Потоа се додава кајмакот брашното, сол, пецивото и пак се мати додека се добие убава мазна смеса.(смесата е погуста од тесто за палачинки)
Од добиената смеса во врел зејтин се пушта со лажица и уштипците се пржат на тивко додека заруменат.
На здравје !!!