Турте
Просејте го брашното во подлабок сад за месење, во кое предходно сте ги измешале пецивото и содата.
Направете вдлабнатина и во брашното ставете ги скршените јајца, шеќерот, маслото, млекото, ванилата и кората од лимон и се убаво измесете.
Тавата добро намастете ја и потоа побрашнете и по дното и по страните и префрлете го измесеното тесто. Тестото во главно доаѓа меко и добро се расплескува, израмнува со раце. Користете тава бр. 28 или 30.
Со помош на една или 2 вилушки направете шарки по желба и одозгора украсете со бомбончиња по желба. Овдека се употребени бони-топ.
Печете на 160- 180 степени, додека добро не се испечи. Проверете со притисок на рака или чачкалица.
Јас откако го направив во тавата, касно се сетив. Сега, по модерно убаво е и во калапи за мафини да се печи, (Ете, можеби како и многу пати оваа идеја ќе послужи некому за некој сличен рецепт), бидејќи поводот за правење Турте е првото запче кај бебињата и тоа се сечи на парчиња, најчесто коцки, се реди во послужавник и се дели на блиските. А тие пак, откако ќе земат, оставаат железни парички за да се цврсти забите и ориз за да бидат бели.
Лиценца: Сите права се задржани
Posleden pat pravev vnucinata od brat mi koga vadea zabi, a i toa bese o-hooo damnesno... Mozi ke ispadnam "ancient", taka sin mi veli deka sum po godini, koga jas bev dete, turte se mesese i za Sveti Jovan leten. Imase obicaj vo starite gradski maala vo Bitola da pravat decata svadba, pa da odat od kuka do kuka i da sobiraat pari, seker, brasno...Toa e nekoj paganski obicaj, se peese obredna pesna, Tajane Bojane se vikase... I edna majka od materijalot pravese turte... Bez Boni Top, samo so kristal seker odozgora... Vremeplovka, sto ke reci Lile...
Turteto tvoe Beti, ke poceka vreme dodeka ispadni prilika :))))
Klara mi se bendisue lepcevo a i imevo onaka bas interesno zvuci kako detski nerazbirliv zbor a povodot e navistina ubav pozz:)
Дани и Мајушка изгледа на мапата државичето ни е малечко ама реони со традиции разни нема некој што има повеќе од нас како што гледам :)))
Јас како што ме дале недоделкана пак, ич не чекам бебиња и запчиња. Мене ова ми е нешто специфично и убаво за јадење, па така од време на време си правев и си јадев, иако до овој пат одамна не сум правела. Интересно е што кога ќе јадиш, го изедиш и после не ни помислуваш за брзо пак да го правиш, се до еден ден кога умот само на тоа те тера пак дека ти се сака и упорно не ти дава мира додека пак не го вкусиш...барем јас така го доживувам.