Испечати

Турте

Турте

Состојки

  • 1 чаша=250 мл
  • 1 кг брашно
  • 1 чаша млеко
  • 1/2 чаша масло
  • 2 чаши шеќер
  • 1 ванила шеќер
  • 1 прашок за печење (пециво)
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 кора од лимон
  • 3 јајца

Подготовка

Просејте го брашното во подлабок сад за месење, во кое предходно сте ги измешале пецивото и содата.
Направете вдлабнатина и во брашното ставете ги скршените јајца, шеќерот, маслото, млекото, ванилата и кората од лимон и се убаво измесете.
Тавата добро намастете ја и потоа побрашнете и по дното и по страните и префрлете го измесеното тесто. Тестото во главно доаѓа меко и добро се расплескува, израмнува со раце. Користете тава бр. 28 или 30.
Со помош на една или 2 вилушки направете шарки по желба и одозгора украсете со бомбончиња по желба. Овдека се употребени бони-топ.
Печете на 160- 180 степени, додека добро не се испечи. Проверете со притисок на рака или чачкалица.

Јас откако го направив во тавата, касно се сетив. Сега, по модерно убаво е и во калапи за мафини да се печи, (Ете, можеби како и многу пати оваа идеја ќе послужи некому за некој сличен рецепт), бидејќи поводот за правење Турте е првото запче кај бебињата и тоа се сечи на парчиња, најчесто коцки, се реди во послужавник и се дели на блиските. А тие пак, откако ќе земат, оставаат железни парички за да се цврсти забите и ориз за да бидат бели.