11
сеп
2012
Турска алва
Млекото, зејтинот, маргаринот и шеќерот се ставаат на оган да се стопат. Кон оваа смеса се додава какаото и убаво се меша да се изедначи. Брашното се меша со ванилата и се додава кон целата топла смеса и се пржи-вари околу 10 минути. На крај се додаваат пржените лешници, убаво се изедначува смесата и се истура во калап. Се остава да се олади, а потоа се сече по желба.
Алвата е убава и ако место лешници се додадат печени несолени кикирики или бадеми.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
а третата слика ми е мене најубава. оваа со црно од страните....многу црно, не доаѓа до израз алвата :)