Турска алва
Состојки
- 1кг шекер
- 500гр брашно
- 250гр маргарин
- 180мл зејтин
- 200мл млеко
- 100гр какао
- 200гр лешници
- 2кесички ванилин шеќер
Подготовка
Млекото, зејтинот, маргаринот и шеќерот се ставаат на оган да се стопат. Кон оваа смеса се додава какаото и убаво се меша да се изедначи. Брашното се меша со ванилата и се додава кон целата топла смеса и се пржи-вари околу 10 минути. На крај се додаваат пржените лешници, убаво се изедначува смесата и се истура во калап. Се остава да се олади, а потоа се сече по желба.
Алвата е убава и ако место лешници се додадат печени несолени кикирики или бадеми.