27
окт
2021
Турлитава манџа со пилешки крилца
Подготовка:
1. Пилешките крилца измијте ги и сварете ги. Зеленчукот исечете го на коцки.
2. Во тава наредете компири, сечени на коцки, црн патлиџан, домат, морков, кромид, пилешки крилца, суви пиперки, бамји. Прелијте со вода. Ставете зачини по вкус. Можете и лаворов лист.
3. Тавата ставете ја во рерна, да се крчка на тивко. Готовата манџа сервирајте ја во чинија со ситно сецкан магдонос.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани