6
јан
2013
Тулумби со млеко
Добро ни е познат рецептот за тулумби на сите, меѓутоа оваа варијанта со млеко многу ми се допадна. Го загреваме млекото, водата, маслото да зовријат и потоа го додаваме пецивото и брашното. Замесуваме средно тесто, оставаме да се олади и потоа додаваме едно по едно јајце. Со готовото тесто го полниме шприцот за тулумби, пржиме во загреано масло. Преку оладените тулумби преливаме жежок сируп. Сирупот го спремаме со загревање на водата, шеќерот, сокот од лимон.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови