9
апр
2012
Тулумби
Nа оган ја ставаме водата и маслото да зовриjат, па ги тргаме од оган и го додаваме брашното, мешаме со лажица смесата да се изедначи. Oставаме да се излади.
Во меѓувреме го приготвуваме шербетот, Ги ставаме водата и шеќерот да зовријат. Кога смесата убаво ќе се излади, едно по едно ги додаваме јајцата и мешаме со миксер се додека се убаво не се изедначи. Од смесата полниме во калап за тулумби и ги пржиме тулумбите во врело масло. Кога ќе заруменат тулумбите ги вадиме од тавчето и ги ставаме во студениот шербет. Тулумбите ги потураме со останатиот шербет и ги превртуваме за убаво да се впие шербетот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови