31
мај
2013
Тортиљони со шери домати и аспарагус
Во поголема количина солена вода ставете ги макароните да се варат.
Во тава на оган ставете маслиново масло и додајте ги шери доматите исечени на половинки и аспарагусот исечен на помали парчиња.
Посолете, наросете црн бибер, додајте го сецканото лукче и поклопете со капак.
Во текот на пржењето претиснете ги доматите за да го пуштат сокот.
Откако доматите и аспарагусот ќе омекнат додајте ги сварените макарони, сецканиот магдонос и путерот.
Убаво измешајте и послужете ги наросени со пармезан.
Лиценца: Сите права се задржани