Испечати

Тортиљони со шери домати и аспарагус

Тортиљони со шери домати и аспарагус

Состојки

  • 350гр. тортиљони (или други крупни макарони)
  • 270гр. шери домати
  • 250гр. аспарагус
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 50гр. пармезан
  • 20гр. путер
  • по потреба маслиново масло, црн бибер, сол

Подготовка

Во поголема количина солена вода ставете ги макароните да се варат.
Во тава на оган ставете маслиново масло и додајте ги шери доматите исечени на половинки и аспарагусот исечен на помали парчиња.
Посолете, наросете црн бибер, додајте го сецканото лукче и поклопете со капак.
Во текот на пржењето претиснете ги доматите за да го пуштат сокот.
Откако доматите и аспарагусот ќе омекнат додајте ги сварените макарони, сецканиот магдонос и путерот.
Убаво измешајте и послужете ги наросени со пармезан.