Ова беше роденденската торта на мојата ќерка Марија која сама ја направи.

Најпрво релната се загрева на 180С. Дното на калапот (24см) се обложува со хартија за печење.
Тесто
Белките се двоја од жолчките. Брашното, какаото и пецивото се мешаа и се просејуваат. Белките заедно со малку солца се бијат со миксер. Настрана се мешаат жолчките, шеќерот и врелата вода 3мин. Потоа во жолчките се додава брашното и снегот од белки. Се става тесото во калапот и се печи 35мин. Печениот бисквит се лади и се сечи еднаш и горниот дел се вади, а долниот си останува во калапот со обрач. Бисквитот се прелива со 5 лажици чоколадно млеко и се премачкува со половина од кремот.

Крем
Желатинот се прелива со 5 лажици ладна вода и се остава да набубри. Во меѓувреме слатката павлака заедно со ванилите и медот се мати со миксер. Желатинот се става на рингла и се топи на тивок оган. Потоа желатинот се додава во белиот крем со постојано мешање.

Премаз
Чоколадата се крши и се додава маргаринот и какаото и добро се загрева на рингла. Се лади. Потоа целиот премаз се премачкува врз кремот(се разлива) и се остава 10мин да се олади. Потоа се премачкува со останатиот крем и врз него се става сечениот бисквит кој исто се прелива со 5 лажици чоколадно млеко.

Глазура-
Сите состојки се загреваат на рингла и се прелива тортата. Се остава преку ноќ во фрижидер.
При секое сечење ножот се макнува во врела вода.Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани