Во длабок сад ги матиме белките со шеќерот, додека да се стопи шеќерот. Потоа ги додаваме петте жолчки и матиме повторно. Па се додаваат брашното и оревите, се мати, и се истура во плехче обложено со хартија.
Се става да се пече во загреана рерна на 220 степени, околу 20-тина минути (се си зависи од рерната ... кога ќе почне да заруменува се вади)

Се става скоро целото млеко на оган и се чека да зоврие заедно со шеќерот. На страна во сад се матат жолчките, брашното и преостанатото млеко, па се додаваат во зовриеното млеко и се меша без престан дури се згусне. Се трга од оган, се додаваат 100 гр чоколадо искршено на коцки и трите лажичиња инстант-кафе.
*** Јас му додавам и еден пудинг (1 кесичка сварен во 300 гр. млеко и 2-3 лаж. шеќер) зошто го сакам покремаст и повеќе фил.

Се мати маргаринот(путерот) и во него се додава оладениот крем.

Се сече пандишпанот на три дела, филот се дели на три дела и се премачкуваат. На крај целата торта се премачкува со шлагот!

Пријатен апетит !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови