Квасецот со малку брашно, шеќерот и топлото млеко се остава да се активира. Во садот за месење се меша брашното со пирето, се посолува и се кршат јајцата. Се додава стасанот квасец и останатите состојки и се меси.
Се остава на топло да се дуплира. Без да се премесува се зема од смесата со раце и се обликуваат топчиња. Одозгора се премачкуваат со жолчка и се посипуваат со пармезан, сусам, мешани мелени семиња од тиква, сончогед, лен и сусам, на некои ставив мајоран... се е по ваша желба.
Се печат на 200 степени додека благо не поруменат.
Ова пециво многу брзо заситува и останува меко и наредните денови. Ви ги препорачувам да ги конзумирате добро оладени затоа што се „тешки“ за јадење, со чашка јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани