За пандишпан
Печеме три кори, 2 бели и1 кафена
За секоја кора земете 10 јајца од делете ги белките од жолчките. 5 жолчки ставете настрана,(од секоја кора 5 жолчки тргајте настрана, да останат 15 жолчки за фил).
Белките матете ги со 10 лажици шеќер. Башка матете 5 жолчки со малку шеќер и 1 ванила.
Додадете жолчки до белки додајте 5 лажици брашно, 5 лажици мелени ореви, пециво и се убаво промешајте и ставете да се пече.
Исто постапете со другите 2 кори, само во кафена кора ставете 3 лажици какао и 2 лажици брашно.
За фил
Сварете 2 пудинзи од чоколадо со 1 литро млеко.
Исто сварете 2 пудинзи од ванила со 1 литро млеко како пишува на пакувањето.
15 жолчки убаво изматете со 200 гр шеќер додајте 200 гр млеко 3 лажици густин и варете на пареа додека не згусне.
Жолчките поделете ги на 2 дела. Половина додадете во ванилен пудинг,  половина во чоколаден пудинг.
Во чоколаден пудинг стопете 2 чоколади за готвење.
1 коцка маргарин изматете со 200 гр шеќер во прав и додајте до чоколаден пудинг се заедно убаво изматете. Исто постапете со ванилен пудинг.
Ставете во еден сад суво грозје, ситно сечкани ораси, сечени чоколадни бананчиња и сечени ресани изрендајте кора од протокал не многу. Се промешајте и поделете на 2 дела во двата фила.
филување.
Прво бела кора се филува со чоколаден фил, ставете кафена кора, филувајте со ванилен фил и пак бела кора.
Украсета со фондан
Јас правив мини и шминки по желба на мојата ќерка.
Оваа торта беше направена за 5-ти роденден на мојата ќерка нека и е среќен роденден!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани