Tорта Гордоста на русокосата
Мојата роденденска торта.
Подготовка на пандишпанот
Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Белките ги ставаме во подлабок сад, го додаваме шеќерот и матиме со миксер. Потоа во садот ги додаваме жолчките. Откако состојките ќе се соединат, го исклучуваме миксерот. Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашното и мешаме со лажица. Потоа и брашното го додаваме во длабокиот сад. Ги додаваме и мелените ореви и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Го истураме тестото во намастен калап бр. 26 и печиме 25 минути на 180 степени.
Подготовка на филот
Во сад за матење ја со миксер ја матиме слатката павлака додека не ја добие потребната густина. Бананите ги лупиме, ги пасираме со вилушка и ги додаваме во садот за матење. Во садот го додаваме и сецканото чоколадо и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
Подготовка на кремата за премачкување
Во сад за матење го додаваме омекнатиот путер и шеќерот во прав и мешаме со миксер додека смесанта не стане пенеста. Потоа во садот го додаваме и кремот од лешници и мешаме додека смесата не се соедини.
Испечениот пандишпан го сечеме на 3 еднакви дела. Првиот дел од пандишпанот го ставаме во долниот дел од чинијата за торта и го премачкуваме со фил. Врз филот го ставаме вториот дел од пандишпанот и него го премачкуваме со фил. Врз филот го ставаме третиот дел од пандишпанот. Врз пандишпанот и по ѕидовите на тортата премачкуваме од кремата за премачкување.
Потоа украсуваме со фондан по желба.
Доколку не ви се допаѓа или ви е полесно украсете ја тортата со готов шлаг крем.
Лиценца: Сите права се задржани