Не знам дали потеклото ѝ е шпанско на оваа убавица, но можам да ви кажам дека е превкусна и топло ви ја препорачувам.
Посебен шмек има од бисквитите и вафлите на Винчини.
Лесна, брза, едноставна подготовка, без печење, а максимално уживање.)))

Од литарот млеко одделуваме 1 дл. и во него го раствораме желатинот.
Оставаме да набабри.
За тоа време остатокот од млекото со шеќерот и ванилата го ставаме на оган да зоврие. Ја исклучуваме ринглата и го додаваме желатинот. Мешаме додека се стопи и соедини со млекото. Го префрламе во сад во кој ќе матиме и оставаме потполно да излади.

За тоа време ги мелиме бисквитите и наполитанките.
Два калапи помали, или еден поголем обложуваме со најлонска фолија.

Кога млекото се изладило, го додаваме шлагот и матиме додека добиеме цврст шлаг.

Го делиме на три дела и во секој дел додаваме од наведените состојки.
Во едниот-бисквити, другиот-наполитанки, третиот-кокос.

Во калапот со откопчување најпрво ставаме од делот со наполитанки, па бисквити и завршуваме со кокос. Украсуваме по желба. Јас во знак на љубовта... :)

А, во срце калапот одев по обратен редослед, бидејќи тоа после се превртува и украсив со дробени наполитанки.

Откако се завршува обликовањето на тортата, нека отстои најмалку 4 часа, а најдобро преку ноќ, па сечете и послужете.

Да наздравиме со чаша убаво, црвено вино за вечна љубов!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани