Во ладните есенски и зимски денови топлите десерти се секогаш добредојдени. Еве еден мој предлог за таков десерт.
1. Млекото и солта ставете ги да зовријат. На страна измешајте 60гр. шеќер со гризот и ванилиниот шеќер па додадете во зовриеното млеко. Ставете повторно да вари и мешајте со жица за матење за да не ви загори. Откако повторно ќе зоврие, тргнете го на страна и оставете гризот да набабри. Мешајте повремено и додека малку да се излади.
2. Одделете ги белките и жолчките. Белките изматете ги во цврст снег, а жолчките изматете ги со жица за матење и додадете ги во сварениот и подизладен гриз мешајќи непрестано. Додадете ги и изматените белки. Ќе добиете убава кремаста смеса.
3. Овошјето измешајте го со 20гр. шеќер. Калапчиња со зафатнина од 200мл. намастете ги и редете наизменично од кремот и овошјето. Прво ставате крем, па овошје, повторно крем и завршувате со овошје. Наместо мали калапчиња може да користите и нешто поголеми, како кај мене на сликата, со зафатнина од 500мл.
Калапите наредете ги во една тава и печете 10 минути на 200° во претходно загреана рерна.
4. Во меѓувреме изматете ги белките во цврст снег со останатите 100гр. шеќер . Ставете во готварски шприц и распоредете го снегот од белките врз десертот. Вратете повторно во рерна да се допече на истата температура уште 5-10 минути додека белките малку да поруменат.
Послужете топло.

Совет
Овошјето може да го ставите и замрзнато во десертот, но при печењето ќе си пушти вода и тогаш конзистенцијата на кремот ќе биде потечна. Мој предлог е да го одмрзнете овошјето претходно и да го исцедите вишокот сок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани