Тиквици со фил од туна
Се спрема филот, се пржи на масло ситно, сецканиот кромид и лукчето, па се додава сецканиот домат, доматното пире, се зачинува. Се трга на страна тавата и се додава туната. Се убаво се меша.
Тиквиците се длабат и се редат во намрсено плехче. Се полнат со филот.
На загреан путер се пропржува ситно искинато лебче и се нанесува врз филот.
Се печат во заграна рерна на 200 степени се додека не омекни тиквицата.
Се декорира по желба...
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани