Испечати

Тиквици со фил од туна

Тиквици со фил од туна

Состојки

  • 2 тиквици
  • 1 главица со средна големина кромид
  • 1 чешне лукче
  • 2-3 лажици доматно пире
  • 1 домат
  • 2 конзерви од по 180гр.сецкана риба туна
  • по вкус сол
  • по вкус црна пипер
  • 1-2 лажици путер
  • малку лебче

Подготовка

Се спрема филот, се пржи на масло ситно, сецканиот кромид и лукчето, па се додава сецканиот домат, доматното пире, се зачинува. Се трга на страна тавата и се додава туната. Се убаво се меша.
Тиквиците се длабат и се редат во намрсено плехче. Се полнат со филот.
На загреан путер се пропржува ситно искинато лебче и се нанесува врз филот.
Се печат во заграна рерна на 200 степени се додека не омекни тиквицата.
Се декорира по желба...
На здравје!