Тестенини со спанаќ
ПодготовкаЧ
1. Во тенџере со зовриена вода ги ставаме таљателите да се варат.
2. Во тава за пржење додаваме коцка путер да се растопи. Во путерот го додаваме ситно сечканиот домат малку да се запржи, и по неколку минутки го додаваме спанаќот и ситно сечканиот лук.
3. Кога спанаќот ќе омекне, во тавата ги додаваме таљателите. Постепено во нив додаваме од водата во која се вареа тестенините, околу една чаша, се додека не се соедини и не се добие убав крем. Зачинуваме само со сол и малку бибер.
Овај ручек е добар во комбинација со чаша бело вино.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови