1
мај
2020
Tегнета вртена кора
Се меси тестото намеко и веднаш се прават топчиња секое топче се расукува како мала кора.
Секоја кора се намрсува убаво со масло од двете страни и се остава да одмори 10 минути.
Празот се сецка ситно и заедно со маслото и водата се пржи се додека водата испари. Се посолува по вкус.
Потоа на намрсена работна површина полека се тегнат коричките се прскаат со малку масло и со празот и се виткаат во круг во тавчето.
Се остава да стаса 30 минути, а потоа се попрскува со масло и се пече на 160 степени додека добие убава румена боја.
Откога ќе се извади се премачкува со масло и вода и се покрива со најлон и крпа за да омекне на здравје !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Obozovam tegnato so praz