Тарт со спанаќ
Рецепт инспириран од Делимано Фантасиа Округлата тава.
Ужинка или доручек а ла Попај морнарот.
Замешајте го маргаринот претходно омекнат со жолчката, шеќерот, солта и потоа додавајте го брашното со прашокот за пециво. На крајот додадете ја ладната вода. Кога ќе добиете убаво и компактно тесто, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да постои 30 минути.
Во меѓувреме подгответе го филот- спанаќот исчистете го и убаво обарете (да испари целата вода инаку ќе ви дојде тартот длекав). Додадете ја урдата и сирењето и убаво измешајте (јас ја додадов и белката што ми остана од тестото.
Во друг сад ставете ја павлаката и двете јајца и убаво измешајте.
Тартот го расукувате помеѓу две фолии (за да не ви се залепи) и го ставате во Делимано Фантасиа Округлата тава.(немате потреба да намрсувате). Го ставате филот со спанаќот, а најодозгора филот со павлаката. Со високот од тесто правите витки од страната.
Печите во загреана рерна на 200Ц, додека убаво не се зацрвени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Рецептот супер, ќе си го зачувам па ќе викам на гости :)