Таљатели во домашен сос
1. Запржете го кромидот. Нека тоа биде млад кромид со перца. Јас го исецкав на поголемки парчиња.
Додајте му пасирано лукче. Морковите нека се исецкани ,па штом ја добијат таа стаклена боја кромидот и лукот, ставете ги морковите. Оставете на потивко нека се пржат. На страна исецкав црвена пиперка и таа ја додадов во тенџерето. Печурките, (можете по желба каков вид сакате таков- јас ставив шампињони) пресечете ги на коцкички и додајте ги на крај.
2. Промешајте благо, па оставете со покриен капак да покрчкаат. Зачинете со оригано, сол и црн бибер, па додајте му прстофат црвен пипер. Самиот зеленчук и печурките ќе си пуштат течност.
3. Таљателите нека бидат варени според упатството, во посолена вода. Исплакнете ги и замешајте ги со подготвениот сос. Кратко оставете ги на шпоретот, нека се загреат заедно.
Служете топло со чаша бело вино.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови