23
сеп
2013
Сусам торта
Големината на чашата за овој колач е варијабилна, но како репер земете од 220-230мл.
Рецептот за овој колач, кој носи име торта е од мојата братучедка, кога во касните ноќи на нашата младост игравме јамб, па кога ни се јадеше нешто ова беше една од брзите алтернативи што ни доаѓаше нешто како ноќна ужина хаха... па, еве, во прилог на темата една блага ужинка која експресно брзо се спрема. Едноставно по ред се мешаат сите состојки, а најгоре се посипува со сусам. Тава бр. 28 е доволна за добра висина на колачот. Се печи на 200 степени додека не отемни одозгора и стане цврста при благ допир.
Лиценца: Сите права се задржани
Denes ova bese nashiot desert....namesto susam torta izleze sheker torta, vo posleden moment vidov deka nemam susam pa go zameniv so sheker :))
Veke rekov deka e vkusen i sega samo ke se povtoram....mnogu vkusen kolac, isklucitelno mek, ekspresno brz za spremanje....koj ne probal obavezno da go proba!
Фала ти за убавите сликички, ми го комплетира денот со насмевка! :)
A ova e ocenata od sin mi za tvojot kolac :)))
Кога тетката-гостинка во комшилукот ми го побара рецептот и реков дека чашата или шолјата што ќе ја избери за мерка ќе и го дефинира и колачот, но која и да ја избери нема да згреши... со помала мерка доаѓа повеќе како кекс, а со поголема е покомпатибилно и доаѓа како некоја верзија на Турте, но на вкус се понаша како да епосен колач, а не е :) барем јас така го дожививам :)
Покрај колачов, Јамбот пак во мода ќе го вратиме :) Ете, и Светулче се пријави, читам подолу, па можиме да си се собериме сите на турнир ;) :)
А за јамб викај во секое време :D