Испечати

Сусам торта

Сусам торта

Состојки

  • 1 јајце
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 1/2 чаша масло
  • 2 лажици мармалад
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 2 чаши брашно
  • сусам за посипивање

Подготовка

Големината на чашата за овој колач е варијабилна, но како репер земете од 220-230мл.
Рецептот за овој колач, кој носи име торта е од мојата братучедка, кога во касните ноќи на нашата младост игравме јамб, па кога ни се јадеше нешто ова беше една од брзите алтернативи што ни доаѓаше нешто како ноќна ужина хаха... па, еве, во прилог на темата една блага ужинка која експресно брзо се спрема. Едноставно по ред се мешаат сите состојки, а најгоре се посипува со сусам. Тава бр. 28 е доволна за добра висина на колачот. Се печи на 200 степени додека не отемни одозгора и стане цврста при благ допир.