Торта со сусам
Оригиналниот рецепт за оваа торта е без чоколадото, грозјето и кајсиите, ама јас понекогаш сакам да експериментирам, така и овојпат направив. Навистина тортата доби само уште поубав вкус и арома.
Чоколадото го кршите на ситни парченца, а кајсиите ги сецкате ситно. Во сад за матење со миксер изматете го јајцето заедно со шеќерот. Постепено додавајте ги млекото, зејтинот содата, брашното и мармаладот и мешајте со лажица. Внимавајки од брашното да не ви останат грутчиња. На крајот ги додавате чоколадото, грозјето и кајсиите, добро промешувате.
Смесата ја истурате во подмачкан со зејтин и побрашнет плех бр. 30 или 32 цм. Одозгора посипувате со сусам и печете во добро загреана рерна на околу 180 - 200 степени околу триесетина минути или зависно од јачината на рерната.
Оваа торта е многу вкусна и мека како сунѓер. Ви ја препорачувам, верувам дека ќе ви се допадне и нема да ви одземе многу време. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Твојот на сликата прекрасно изгледа!